Џамбазов и Илина не се кријат повеќе (ФОТО)

by Тони Зографски

Водителот, шоумен, актер и музичар, Игор Џамбазов, деновите во карантин ги поминува во Дојран.

Друштво му прави и планинарката Илина Арсова со која Џамбазов е неразделен, а за тоа дека помеѓу нив има нешто повеќе од пријателство покажуваат фотографиите кои што и двајцата ги објавуваат на социјалните мрежи.

Токму и фотографијата која Игор ја објави на неговиот профил на Инстаграм кажува многу.

„Ние младите денес празнуваме“, стои во описот на фотографијата.

Под фотографијата се најде коментарот и на актерката Весна Петрушевска-бејби, која е долгогодишна пријателка на Џамбазов.

„Кумава ќе дојде само да заврши локдаунов…“, напиша Петрушевска.

останати вести