Ќе се намали гужвата – Од денеска на „Табановце“ стартува сустемот со едно застанување и заедничка контрола со Србија

by Тони Зографски

На граничниот премин со Србија „Табановце-Прешево“ денеска

ќе биде пуштен во употреба системот One Stop за заедничка интегрирана контрола.

На официјалниот старт на One Stop системот ќе присуствуваат министрите за внатрешни работи на Македонија и на Србија, Панче Тошковски и Ивица Дачиќ.

Воведувањето на овој систем, како што изјави неодамна министерот Тошковски, ќе овозможи многу побрз проток на граѓани на „Табановце-Прешево“, кој моментално е најфреквентниот граничен премин во државава.

Новиот начин на контрола треба да го олесни метежот на границите, особено во летниот период на зголемени патувања.

One Stop системот веќе е воспоставен со Косово на премините Блаце и Јажинце, а во тек се разговори и со Албанија за воведување на два гранични премина, додека со Бугарија и Грција, како членки на ЕУ и на Шенген-зоната, ќе има само организациски подобрувања.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com