Ќерка на српски одбојкар е убиена во масакрот во Белград

by Тони Зографски

Во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград утрово имаше масовно пукање.

14 -годишен ученик влегол вооружен во училиштето и почнал да пука околу осум часот. Полицијата потврди дека загинале осум деца и еден чувар. Многумина се ранети, а ученикот е уапсен. Меѓу жртвите е и Е.К, ќерката на познатиот српски одбојкар и тренер Драган Кобиљски.

Кобиљски во кариерата настапуваше за Партизан, а подоцна ја водеше и Црвена звезда. Да потсетиме, за деталите од масакрот на прес-конференција извести Веселин Милиќ, началник на белградската полиција. Тој рече дека помошникот директор пријавил дека едно дете влегло во училиштето со огнено оружје и пукало.

Тогаш се јавило самото момче и кажало дека пукал во неколку луѓе. По доаѓањето на местото на настанот, полицијата утврдила дека момчето убило осум ученици, седум девојчиња и едно момче. Милиќ ги навел и нивните иницијали и датуми. Загинал и еден вработен во обезбедувањето. Повредени се уште шест ученици и еден наставник, рече тој.

останати вести