Ќерката на Синди Крафорд го покажа новиот дечко и голите гради на црвениот килим во Венеција (ФОТО)

by Тони Зографски

23-годишната ќерка на Синди Крафорд, Каја Гербер блесна во Венеција, по повод премиерата на филмот „The Testament of Ann Lee“ во режија на Мона Фастволд, привлекувајќи погледи и воздишки.

За таа пригода, таа се одлучи за смел, проѕирен црн стајлинг, составен од тесно боди со квадратен изрез и тенки прерамки, кој совршено го искомбинира со здолниште во А-крој, со светки и богато извезени детали.

Иако сензуален, овој моден избор на младата Каја зрачи со исклучителна елеганција, бидејќи ги комбинира класичните модни кодови од педесеттите години со современи детали, дело на модната куќа Живанши.

Совршената доза на гламур беше надополнета со црни чевли со мала потпетица и романтична машна, додека предимензионираните очила за сонце и црно-златната чанта беа очигледни ретро потсетници на стилот на Одри Хепберн.

Нејзината модна приказна ја надополни Луис Пулман, 32-годишен актер и нејзиниот нов партнер, кој се одлучи за класичен црн костум и дискретна машна.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com