Ќерката на Дино Мерлин е копија на татко и (ФОТО)

by Тони Зографски

Пејачот Дино Мерлин во бракот со првата сопруга Лејла која е почината ги има ќерката Наида (33) и синот Хамза (27). Наида која е копија на татко и има завршени постдипломски студии на Оксфорд во Велика Британија и се занимава со информатички науки.

Дино во една прилика истакна дека Наида не ја интересираат материјалните работи, но дека е скромна и вредна девојка.

„Тато, не ми требе ништо, јас имам се, само побрзо врати се дома“. Така ми вели мојата ќерка која ја прашувам каков подарок да ѝ донесам од Париз или од Њујорк. “Таа е многу скромна“, изјави Дино за ќерката.

За разлика од Наида, нејзиниот помал брат, Хамза во Турција и Берлин студирал менаџмент и политички науки и веќе осум години е во брак со својата избраничка.

 

останати вести