Кристин Кабот, чиј приватен и деловен живот е нарушен по виралниот инцидент со таканаречената „камера за бакнување“ на концертот на „Колдплеј“, ја нарече актерката Гвинет Палтроу лицемерка.
Инаку, Гвинет Палтроу и фронтменот на бендот „Колдплеј“, Крис Мартин беа во брак, во кој добија две деца.
Во серија нови интервјуа, Кабот ја нападна Палтроу за нејзината вмешаност во скандалот што избувна во јули, кога беше фотографирана како го прегрнува извршниот директор на „Астрономер“, Енди Бајрон.
– Бев голема обожавателка на нејзината компанија, „Гуп“, која се чинеше дека е посветена на јакнење на жените. А потоа го направи ова. Си помислив: „Како се осмелува по сите критики што ги доби за „свесно раздвојување“ од Крис Мартин. Каква лицемерка – изјави Кабот за британскиот „Тајмс“.

Кабот ги фрлила сите свои производи на „Гуп“ во знак на протест.
Откако скандалот ја стави технолошката компанија „Астрономер“ во центарот на вниманието на медиумите, тие решија да го искористат моментот. Ја ангажираа 53-годишната Палтроу за реклама објавена на 25 јули.
– Ме ангажираа привремено да зборувам во име на повеќе 300 вработени во „Астрономер“ – рекла Палтроу во видеото, кое е прегледано милиони пати.
Извор близок до актерката претходно изјавил за „Пипл“дека рекламата е „составена многу брзо“ откако компанијата ја контактирала Палтроу.
– Гвинет има одлично чувство за хумор и сметала дека е доволно смешно за да го направи тоа – рекол извор во тоа време.
Кабот ја дава својата страна од приказната.
Во новите изјави, Кабот нагласи дека сака да ја разјасни ситуацијата. Таа тврди дека немала сексуална врска со Бајрон и дека само го бакнала таа вечер на концертот.
Кабот додаде дека во тоа време веќе била во процес на развод од сопругот, додека Бајрон бил виден јавно со сопругата и венчалниот прстен.
