“ЈУГО“ И „ПЕЖО“ СМАЧКАНИ: Дете и три жени повредени во судир во Чаир

by Тони Зографски

Четири лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случила на улицата „Емин Дураки“ во скопски Чаир. Како што од терен објави репортерот на ТВ21, повредени се три жени и едно дете.

Според очевидците, до несреќата дошло кога автомобил марка “југо“ со голема брзина удрило во возило марка „пежо 307“.

останати вести