Концертот на пејачката Јелена Томашевиќ во Бар беше прекинат синоќа откако таа одеднаш се струполи на сцената на Културниот центар. Веднаш беше префрлена во болница.
Иако салата беше преполна, публиката успеа да чуе само една песна.
Веќе за време на изведбата на вториот број, Јелена Томашевиќ одеднаш падна на колена, по што членовите на бендот ѝ притрчаа на помош и ја симнаа од сцената.
Пејачката веднаш била пренесена во Итната медицинска помош, а организаторите ги известиле присутните дека концертот е откажан поради нејзината нарушена здравствена состојба.
По овој повод, Општина Бар објави и ја откри состојбата на пејачката, откако ѝ беше укажана итна медицинска помош.
„Општина Бар ја информира јавноста дека пејачката Јелена Томашевиќ, чиј концерт претходно беше прекинат поради здравствени проблеми, се чувствува добро по добивањето медицинска помош.
За време на настапот, на уметницата ѝ се слоши на сцената, по што медицинскиот тим брзо реагираше и ѝ ја пружи потребната помош. Според информациите од нејзиниот тим, здравствената состојба на Јелена сега е стабилна.
Сакаме да им се заблагодариме на Одделот за итна медицинска помош во Бар за нивниот брз и професионален одговор, како и на лекарите кои се најдоа во публиката и веднаш ѝ притрчаа на помош. Сакаме да изразиме посебна благодарност до публиката за нивното разбирање и смиреност“.
