ЈА МЕНУВА ПРОФЕСИЈАТА: Познатата радиоводителка Цаци си оди од “Сити радио“

by Тони Зографски

Познатата радиоводителка Славица Ставревска или популарната Цаци си оди од “Сити радио“.

На својот Фејсбук статусот веста ја потврди познатиот радио ди-џеј Владо Деловски – ДЈ Дела кој долги години наназад работeше со Цаци:

„Ми беше задоволство што во изминативе скоро 30 години ја делевме најдобрата професија за тебе и мене..ЕЈ ИМАМ НОВА ПЕСНА ЗА ВО ЕТЕР,ТОП Е,ЌЕ БИДЕ ХИТ. Денеска и е последната емисија на Сити Радио… Од радиовотителството си оди Slavica Caci Stavrevska, за мене еден од најдобрите и најпрофесионални радиоводители во македонскиот етер. Радиото секогаш ќе ме потсетува на тебе… Знам дека е тешко кога се прекинува кариера, но… Нови мориња ќе можеш да откриеш дури тогаш кога ќе стекнеш доволно храброст да го изгубиш брегот од видикот“ – напиша ДЈ Дела потврдувајќи дека Цаци сепак си оди не само од радиото, туку и од радиоводителството и ја менува професијата со некоја друга.

Инаку, пред да премине во “Сити радио“ Цаци долги години работеше во радиото “Антена 5“.

извор: Вистина.мк

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com