Јапонската принцеза не може нормално да јаде, зад ова стои мистериозна болест

by Тони Зографски

Јапонската принцеза Кико боледува од мистериозна болест која ја спречува да има нормални оброци. Мајката на две деца е болна од минатата година, според националниот весник The Mainichi.

Лекарите ја отфрлија опцијата дека Ковид е причина занејзините здравствени проблеми, откако тестот за вирус и грип излезе негативен. Бидејќи здравствената состојба на принцезата Кико се третира како мистерија, лекарите спроведуваат дополнителни тестови за да ја откријат причината.

Принцезата неодамна присуствуваше на новогодишна прослава и се чинеше дека е расположена додека блескаше во семејните портрети објавени по повод празникот.

Неколку часа пред Јапонија да биде погодена од неколку земјотреси на 1-ви јануари, царското семејство објави неколку новогодишни семејни портрети. Набрзо следеше катастрофа, која будно ја следеше светската јавност.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com