Ѕвездата на „OnlyFans“ призна: „Сакам да водам љубов со Илон Маск на Марс“ (ФОТО)

by Тони Зографски

Атрактивната Елса Тора, ѕвезда на платфромата за возрасни „OnlyFans“, сака да биде првата личност што ќе се породи на Марс за да помогне во населувањето на планетата – и таа сака помош од Илон Маск да го оствари тоа.

Идејата ја добила од Кај Ценат, кој сакал да биде првата личност што ќе стримува од вселената и се надевала дека Илон Маск ќе му помогне да го направи тоа.

– Видов дека еден стример побара од Илон Маск да му помогне да стане првиот стример на Марс. Сакам да бидам првата личност која ќе има секс во вселената, а втората цел ми е да го родам првото бебе на Марс и да помогнам да се насели Марс – вели Елса, пишува Index.hr.

Нема да и треба само Илон за да и помогне да стигне до Марс…

– Нека ме однесе таму горе и нека ми помогне да создадам колонија. Има 12 деца, претпоставувам дека знае што прави, порачува Елса,

И додека Елса фантазира за секс без гравитација, астрономот Џон Милис еднаш објасни како тоа би изгледало.

– Замислете да водите љубов додека скокате со падобран – секое туркање или потисок ќе ве турне во спротивна насока. Не би било пријатно – вели тој.

останати вести