Ѓоковиќ расплака дете на трибините во Тел Авив (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласира во полуфинале на турнирот во Тел Авив, а по мечот против Васек Поспишил му исполни желба на едно дете од трибините.

Момчето имаше транспарент преку кој го побара рекетот на Ѓоковиќ, а српскиот тенисер реши да му ја исполни желбата на детето и така да стане херој на денот во Израел.

Ѓоковиќ му го даде неговиот рекет, по што момчето не можеше да ги задржи солзите и се расплака од среќа.

Србинот во полуфинале ќе се соочи против Роман Сафиулин од 18.30 часот.

https://twitter.com/i/status/1575870470485790722

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com