ШТО УШТЕ НЕМА ДА ИМ ТЕКНЕ: Грчки газда со лозинка ги брка Македонците од барот

by Тони Зографски

Сопственик на барот на плажа  „Самер саншајн“ во Неа Ираклијана, на Халкидики, Теодорос Теодоридис по потпишувањето на Преспанскиот договор ставил лозинка  „Македонија е грчка“ за безжичната мрежа.

Газдата на барот ја пренесува и реакцијата на македонски туристи.

„Малку им изгледа чудно, но, едноставно, ја внесуваат лозинката и не велат ништо“, објаснува тој и додава:

„Не ми е гајле дали ќе ги донесе овие луѓе повторно во мојот бар, бидејќи, за разлика од сите други, тие само земаат лежалки за две евра и седат цел ден“, порача Теодоридис.

 

останати вести