ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ПОЗНАТАТА АКТЕРКА: Рацете сини и полни со подливи (ФОТО)

by Тони Зографски

Во последно време многу се зборува за пороците на Мелани Грифит, за кои цел Холивуд молчеше, а големо внимание им се посветува и на рацете на познатата актерка.

Во ретките пригоди кога папараците ги фотографираа нејзините раце, можеме да видиме дека нејзините дланки се полни со модрици и темни кругови.

Американскиот доктор Габриел Миркин за Pressreader објасни дека тоа е типична процедура која го спречува срцевиот удар, а се работи за лица кои имаат проблем со тромбозата:

“Ова е вообичаена процедура која се применува кај пациентите на кои тромбот им тргнал или постои можност да тргне кон градите или срцето.

Инаку, Мелани зад себе има повеќедецениска борба со дрогата и алкохолот, па во една пригода изјави:

“Ги знам сите правила на трезвеност. Избегнувај дрога. Едноставно! Но, од некоја причина, тоа е многу тешко за мене.

Докторот, кој го коментираше случајот на Мелани Грифит за медиумите, смета дека историјата на алкохолизмот и зависноста од дрогата дополнително ја ставиле актерката во ризична група, па таквите пациенти треба да знаат дека здравјето е многу важно и дека животот мора да им се промени од корен.

Актерката минатите години често беше фотографирана како шета или вежба во теретана, а неодамна е видена како повторно пуши цигари, кои ѝ беа строго забранети.

останати вести