Во Хрватска е невозможно денот да се помине со 10 евра, додека Будва е многу поевтина. Ова го тврди патувачка блогерка од Србија.
На сите ни е јасно дека цените во Хрватска од година во година стануваат сè повисоки, па заради тоа и голем број од туриститите од регионот се одлучуваат за други дестинации.
Така, една патувачка блогерка од Србија, Моника, одлучи да направи две кратки видеа и да направи споредба за тоа што може да купите за 10 евра, ако се одлучите денот да го поминете во Хрватска, во Макарска, или пак, ако одлучите да одите во Црна Гора и да ја посетите Будва.
Според нејзините видеа, цените во Будва се многу пониски.
Така, во Макарска, Моника плати паркинг од 4 евра, што значи дека со тоа потроши веќе 40% од дневниот буџет.
Остатокот од парите го распореди на следните трошоци:
Топче сладолед – 2,50 евра;
Шише вода – 2 евра;
Кафе со млеко – 2,10 евра.
„Вкупно потрошивме 10,60 евра, а уште не ни ручавме“ – напиша таа до видеото.
Од друга страна, во Црна Гора, се забележува дека цените се значително пониски, па така за еден час паркинг во катна гаража, Моника плати 1 евро.
Другите пари ги распореди на следните трошоци:
Бурек со сирење – 1,25 евра;
Кафе со млеко – 2,60 евра;
Магнет – 1 евро;
Шише вода – 1 евро;
Сладолед – 1,5 евро;
Somersby – 2,20 евра.
