ШЕСТ МЕСЕЦИ НЕМА ДА МОЖЕ ДА СТОИ НА НОЗЕ: Познатата старлета ги скршила двете стапала на одмор во Турција (ФОТО)

by Тони Зографски

Британската старлета Кејти Прајс за време на одморот во Турција ги скршила двете стапала, па се огласила на социјалната мрежа Инстаграм и објаснила што се случило.

Како што пренесуваат странските медиуми, таа цела ноќ ја поминала во болница со скршеници на петите, а откако ќе се врати во Британија ќе мора да направи операција.

трашната повреда ја доживеала за време на посета на еден тематски парк со момчето и двете деца – скокнала од еден ѕид, па така и ги скршила стапалата.

„Да, вистина е. Морам да ги оперирам двете стапала и ќе ми вградат шипки. Нема да можам да стојам на нозе од 3 до 6 месеци“, напишала таа на Инстаграм.

останати вести