ШЕСТ ДЕНА БИЛ ЗАГЛАВЕН ВО БУНАР: Британец пропаднал додека бегал од куче на Бали (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Британецот Џејкоб Робертс (29) извлечен е од еден бунар во Бали откако шест дена бил заглавен во него.

Во бунарот имало малку вода, која Џејкоб го одржала во живот, а при падот во бунарт кој бил длабок четири метра, ја скршил ногата – пренесува БИ-БИ-СИ.

Несреќата се случина во селото Пекат, додека Џејкоб бегал од едно куча, а поради скршената нога не можел да излезе од бунарот. Тој бил спасен откако неговото викање за помош го слушнал еден од жителите на селото кој барал храна за стоката.

Во акцијата на спасување учествувале тројца спасители кои изјавиле дека Робертс изгледал ослабен и измачен.

Инаку, Бали поради епидемијата на коронавирусот веќе два месеца е во карантин.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com