ШАРЛИЗ ТЕРОН ПРИЗНА ДЕКА ЗЈАПАЛА ВО ЗАДНИКОТ НА МЕТ ДЕЈМОН: „Го видов без костим, неверојатен е“ (ФОТО)

by Тони Зографски

Шарлиз Терон, која во новиот филм на Кристофер Нолан „Одисеја“ глуми заедно со Мет Дејмон, во разговор за ET не го криеше воодушевувањето од неговата физичка подготовка за улогата. Дејмон во епскиот спектакл го игра грчкиот крал Одисеј, а Терон за време на промоцијата на филмот искрено го прокоментира неговиот изглед.

„Го видов без сета таа опрема. Изгледа неверојатно. Навистина неверојатно“, изјавила Шарлиз во разговор за „Entertainment Tonight“.

Потоа, низ смеа додала дека се фатила себеси како премногу долго го набљудува.

„Буквално чудно го гледам. Во моментов му гледам во задникот. Не би требало да го правам тоа! Навистина не е во ред. Но изгледа фантастично“, се пошегувала добитничката на Оскар.

Нејзината изјава предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, а многумина на шега коментираа дека по ваков комплимент можеби ќе мора да ѝ „положи сметки“ на сопругата на Мет, Лусијана.

Мет Дејмон откри како дошол до совршена форма

На почетокот на месецов, Дејмон зборувал за напорните подготовки за улогата на легендарниот крал Одисеј и признал дека многу потешко му било да го обликува телото во педесеттите години отколку кога бил помлад.

„Сосема поинаку е да градиш мускули во педесеттите. Навистина е тешко. Тоа станува цел начин на живот“, изјавил актерот во поткастот „Good Hang“, чија водителка е Ејми Полер.

Тој открил дека морал да ја промени исхраната, да го намали внесот на храна и целосно да го исфрли глутенот.

„Не ни знаев колку многу ми пречи глутенот. Во последните неколку години животот целосно ми се промени откако престанав да го консумирам“, објаснил Дејмон.

Сепак, признал дека не му е лесно да се откаже од омилената храна.

„Ми недостигаат лебот, пивото, тестенините и пицата, но се чувствувам многу подобро отколку порано“, изјавил актерот.

останати вести