Без кожа и крзно во колекциите на “Шанел“

by Тони Зографски

„Шанел“ веќе во своите креации нема да користи крзно и кожа и во иднина ќе се фокусира во пронаоѓање на соодветни материјали кои ќе личат на кожа, но и кои ќе бидат еколошки.  Изјавата дојде директно од претседателот на Шанел, Бруно Павловски, а истата беше поздравена од сите групи за права на животните меѓу кои и ПЕТА.

Претходно, “Шанел“ беше еден од најпознатите производители на луксузни чанти направени токму од крзно и кожа на егзотични животни.

Пред “Шанел“од користење крзно и кожа во своите креации се откажаа и модните куќи „Гучи“, „Версаче“ и „Барбери“, а истото го најавил и Том Форд.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com