“ЧУВСТВОТО Е ФЕНОМЕНАЛНО КОГА НА НЕКОЈ ЌЕ МУ ГО РАЗУБАВИШ ДЕНОТ“: Горазд Китановски рецитираше поезија во автобусот „41“ на ЈСП (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Младиот поет Горазд Китановски викендов им рецитираше поезија на патниците во автобусот со број „41“ во Скопје, и тоа, во двата правци…
„Денес беше убав ден ☀️ Рецитирав поезија во 41 (два пати дури, и на одење и на враќање). Чувството е феноменално кога на некој ќе му го разубавиш денот, барем на момент.
Исто така работам на нов проект насловен “НИЕ”, каде “собирам стихови” од луѓе на веќе зададени теми. Деновиве ќе објавам повеќе за тоа (не ми работи мозоков веќе, 12 саати бев активен денес)
Ви посакувам убава вечер и гушнете се себеси пред спиење, заслужувате ❤“, напиша Горазд во описот на своето видео.

 

останати вести