Холивудската ѕвезда Шарлиз Терон периодов е фокусирана на промоција на својот најнов филмски проект „The Odyssey“. Таа се појави на премиерата на филмот во Њујорк со своите ќерки, 12-годишната Огуст и 14-годишната Џексон која, инаку, ја посвои како момче.
Снимките ја покажуваат Шарлиз Терон (50), која ја игра Калипсо во филмската адаптација на епската поема на Хомер, како ја напушта премиерата со своите ќерки, Џексон и Огуст кои изгледаат доста пораснати и веќе ја стасуваат нивната мајка која е висока 177 цм.
Терон прошета сама по црвениот тепих, носејќи фустан во боја на слонова коска од Кристијан Диор. Џексон и Огуст пак, се одлучија за црни фустани, а помалата го комбинираше фустанот со војнички чизми и чорапи до колена.
Терон стана мајка кога го посвои Џексон во 2012 година. Ѕвездата подоцна го прошири своето семејство кога во 2015 година ја посвои и Огуст.
Во разговор за „Пипл“ во 2018 година, Терон објасни дека посвојувањето на децата е нејзин долгогодишен сон.

– Дури и кога бев во врски, секогаш бев искрена со моите партнери, дека посвојувањето е опција за тоа како ќе изгледа моето семејство еден ден. Ова дефинитивно не беше втора опција за мене. Секогаш беше моја прва – рече таа.
Во мај, Терон сподели неколку досега невидени фотографии од своите ќерки на Инстаграм во чест на Денот на мајките.
