Новак Ѓоковиќ се пласираше во своето 14-то полуфинале на Вимблдон, со што постави нов рекорд на овој престижен турнир.
Српскиот тенисер во четвртфиналето го совлада Италијанецот Флавио Коболи. Со оваа победа, тој го надмина својот најголем ривал, Роџер Федерер, по бројот на полуфиналиња на Вимблдон. Ова е вкупно 63-то гренд слем четвртфинале за Ѓоковиќ.
Познатиот глумец Хју Грант, кој седеше во кралската ложа веднаш зад кралицата Камила, беше фотографиран како спие за време на мечот. Оваа фотографија веднаш стана вирална и предизвика многу хумористични коментари на социјалните мрежи.