ХРВАТСКА ВО ШОК: Почина фудбалската легенда Златко Крањчар

by Тони Зографски

Само една недела откако ја загубија ракометната легенда Златко Сарачевиќ, денеска Хрватите се простија и од Златко Крањчар.

Тој починал по кратко и тешко боледување на 64-годишна возраст.

Како фудбалер тој десет години настапуваше за Динамо Загреб во кој ги помина и младинските школи. Потоа замина во Рапид Виена каде играше седум годин, а кариерата ја заврши во ВСЕ Ст. Полтен каде помина една сезона.

Како тренер неколку пати го водеше Динамо Загреб, работеше и во Славен Белупо, Ријека, Линц, Ел-Масри, Персеполис… беше селектор на Хрватска и на Црна Гора, а последен ангажман му беше во репрезентацијата на Иран до 23 години.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com