ХОРОР НА ЛЕТОТ ЗА РОДОС: Постара жена му удрила шлаканица на стјуартот, па мочала низ авионот… (ВИДЕО)

by Тони Зографски
Необичниот инцидент во кој учествувала една постара жена се случил на лет од Манчестер до Родос. Според Дејли меил, пензионерката наводно збеснала во текот на летот откако и било одбиено барањето за бесплатен шампањ. Постарата дама потоа нарачала џин и тоник, но еден член на екипажот наводно и го изел пијалакот откако почнала да станува се поагресивна.На видеото се гледа како стјуардот се обидува да ја смири жената, која налутено станува и му удира шлаканица.Друга стјуардеса се обидува да му помогне на колегата обидувајќи се да ја фати жената за рацете. Во тој момент таа повторно паѓа на седиштето. Патничката, која седела до избезумената жена, тврди дека таа уринирала на седиштето пред авионот да слета во Германија.-Жената побарала бесплатен шампањ, а стјуардот и рече дека не постои таква можност. Таа на крајот купи џин и тоник. Почна да се однесува агресивно, поради што стјуардот ѝ го одзеде пијалакот. Почна да пцуе и во еден момент дури се обиде да ја отвори вратата од авионот за време на летот. Седеше меѓу двајца мажи, кои се обидоа да ја смират, на таа им викаше. Уринираше на сите три седишта. Продолжи да дивее додека не слетавме принудно во Минхен, сведочел еден од патниците.

Патниците морале да поминат два часа во авионот на пистата на германскиот аеродром поради агресивната госпоѓа.

Компанијата потврди дека во средата дошло до инцидент на летот од Манчестер за Родос, поради што авионот морал принудно да слета во Минхен.

А ова е моментот кога госпоѓата била извадена од авионот:

останати вести