9
Три лица загинаа, а две се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила 45 минути по полноќ во Нов Белград.
Тројцата починати биле членови на исто семејство, таткото Б.Ж. (43), мајката Д.К. (38) и синот М.Ж. (9), пишува Телеграф.
Сообраќајната несреќа ја предизвикал возач кој поминал на црвено светло во пијана состојба на раскрсницата на улиците „Хероја са Кошара“ и „Омладински бригади“. Возаот бил пијан со 1,17 промили алкохол во крвта. Нему му е одреден притвор, а полицијата ги испитува сите околности кои довеле до трагедијата.
-Сум видел многу лоши работи, но ова е нешто најстрашно досега“, изјавил потресен очевидец.
