Холивудскиот актер на мезе кај Драгана Мирковиќ  (ФОТО)

by Тони Зографски

Српската пејачка Драгана Мирковиќ и нејзиниот сопруг Тони Бијелиќ, вчера во својот дом во Виена ја нагостиле холувудската ѕвезда Жан Клод ван Дам. Тони и Жан Клод се мезеле со пршута и пиеле домашно кафе, а Драгана како права домаќинка стоела до нив и ги служела. Подоцна таа постираше и фотографија на својот Инстаграм профил.

“ Наш драг пријател“ – напиша Драгана покрај фотографијата.

Инаку и претходно Драгана Мирковиќ се фалела дека таа и нејзиниот сопруг се дружат со светската елита, но сега се потврди дека Жан Клод им е најдобар пријател од светот на филмот.

останати вести