Холивудската глумица на 46 години ќе стане мајка (ФОТО)

by Тони Зографски

Холивудската глумица  Камерон Дијаз на 46 години ќе стане мајка.Убавата актерка неодамна излезе на вечера со својот сопруг Бенџи Маден, а сведоци тврдат дека изгледала покрупно и многу среќно.

За време на интимната вечера, актерката на пријателите им објаснила дека сака да ги задржи деталите за себе, но потврдила дека таа и Бенџи ќе станат родители.

Актерката и нејзиниот сопруг од 2015 година се обидуваат да добијат бебе, но безуспешно. Близок пријател на двојката, вели дека тие веќе почнале со опремувањето на куќата за новиот член од семејството и дека размислуваат кое име ќе му го дадат.

останати вести