Хајди Клум со ќерката позира во секси долна облека (ФОТО)

by Тони Зографски

Славната манекенка Хајди Клум  ги шокираше фановите и јавноста со фотосесија во секси долна облека со ќерката.  „Чудно е што мама ти ги допира гаќите“.

Поранешната манекенка Хајди Клум на Инстаграм се пофали со фотографии на кои позира со својата ќерка Лени во кампања за долна облека, а нејзината објава предизвика бурни реакции.

51-годишната Хајди и нејзината 20-годишна ќерка позираа заедно во чипкаста долна облека, а Хајди откри дека уживале во снимањето.

„Јас и Лени се забавувавме додека го снимавме ова. Најдете не на билбордите низ цела Германија и на телевизија“, рече таа со објавата што ја сподели нејзината ќерка. Како дел од објавата има и видео од Хајди како ги допира гаќите на ќерка си и ја снима додека таа позира во долна облека. Објавата предизвика бројни негативни реакции.

Инаку, Хајди и Лени последниве години снимија неколку слични кампањи за истиот бренд.

Ќерката на Хајди зачекори во светот на манекенството на 16 години кога сними едиторијал за германското издание на Вог, а со неа на снимањето во знак на поддршка дојде и славната манекенка.

останати вести