Хали Бери во секси-градник прослави 6 милиони фанови на Инстаграм (ФОТО)

by Тони Зографски

Хали Бери на 53 години изгледа најдобро досега. Убавата глумица повеќе пати има докажано дека не се срами да покаже повеќе.

Таа сега со провокативна фотографија, на која е во секси градник, го прослави 6-милионитиот следбеник на Инстаграм.

„6 милиони следачи!Вие сте ми најголема инспирација, поддршка и најпозитивните луѓе кои можев да ги побарам. Полна со љубов додека седам дома и практикувам дистанца. Во пижами сум цел ден! Ги поздравувам сите кои лудуваме дома и родителите кои сега имаат повеќе работа од било кога! Ова се сериозни времиња и срцето ми е кај оние кои се болни и оние чии финансии се погодени – можам само да се молам работите што побрзо да се вратат во нормала. Останете чисти, сигурни и исправно информирани. Ве сакам!“, напишала Хали покрај фотографијата.

Нејзините верни фанови ѝ упатиле комплименти, а голем број од нив ѝ ја препишале титулата најзгодна жена на светот.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com