Фронтменот на групата Зана со месеци немал осет за вкус и мирис (ФОТО)

by Тони Зографски

Фронтменот на групата Зана, Зоран Жика Живановиќ пред три месеци комплетно го изгубил осетот за вкус и мирис.

– По концертите на отворено закачив вирус со сите пропратни појави: кашлање, кивање и температура. По неколку дена приметив дека немам осет за мирис и вкус. Скоро дваесет години наутро земам лажичка цедено маслиново масло и кромид со сок од лимун или портокал, и ништо не почувствував додека го пиев. И кога по 20 дена состојбата не се поправи отидов на лекар – вели Жика и додава:

– Оториноларингологот ми објасни дека вирусот го нападнал нервот за мирис и вкус. Потоа отидов и кај други лекари, а еден од нив ми препорача да направам магнетна резонанса, која покажа дека се е во ред.

Жика дури по неколку месеци почувствувал подобрување.

– Во последно време почнав да почувствувам некои јаки мириси и ми останува само да бидам трпелив.  Бидејќи сум голем гурман можете да замислите како е да јадеш убава храна а не и го чувствуваш мирисот и вкусот.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com