Фотографија од интерфон во Минхен стана хит на интернет, Балканците гледаат во едно презиме и не веруваат: „И тој е наш“ (ФОТО)

by Тони Зографски

Фотографија од интерфон на зграда во Минхен, објавена на Фејсбук страницата „Humor 24 sata“, брзо стана вирална, а вниманието го привлече едно презиме кое се издвојува од останатите.

Како што се гледа на фотографијата, во зградата главно живеат семејства од просторот на поранешна Југославија, меѓу кои Видојковиќ, Сретеновиќ, Вулета, Спахиќ, Бикиќ, Џаферовиќ, Босанчиќ, Јаќимовиќ.

Сепак, на интерфонот се појавува и едно типично германско презиме – Мајер, кое видливо „штрчи“ меѓу останатите.

Фотографијата од интерфонот објавена под наслов „Мајер, не се давај“, предизвика лавина реакции на социјалните мрежи и искрено насмеа многумина, а коментарите под објавата се урнебесни.

„Веројатно и Мајер е наш“, „Тој Мајер сигурно е Словенец“, „Мајер е сигурно сопственикот на зградата“, „Мајер оженил Босанка… готов е, порано или подоцна“, „Сите вистински Германци“, „Единствениот странец во својата зграда“, „Одиме до Токио“, се само некои од коментарите под фотографијата.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com