Фатална и во шестата деценија: Се сврте, а проѕирниот фустан речиси откри се (ФОТО)

by Тони Зографски

Прославената актерка Кетрин Зета-Џонс (55) прошета по црвениот килим на доделувањето на Еми наградите и буквално ги остави сите без зборови.

Славната убавица неодамна се соочи со критики поради изјавата за едно момче-обожавател, која многумина ја оценија како несоодветна. Сепак, тоа не ја спречи повторно да блесне.

Кетрин позираше во долг црн фустан со гол грб. Целата креација е покриена со ситни светки, додека горниот дел е целосно проѕирен и украсен со цветни мотиви.

Своето смело модно издание го надополни со високи потпетици и впечатливи обетки, па гордо им покажа на сите дека сè уште нема достојна конкуренција кога е во прашање гламурот.

останати вести