УШТЕ ЕДЕН МАКЕДОНЕЦ „ПОШЉАКА“ БУГАРСКИ НОВИНАР (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Бугарски новинар известувал во живо додека пред Собранието имаше протести пред гласањето за францускиот предлог.

Овој македонски јунак му дојде во кадар и му кажа како стојат работите кај нас во Македонија. Бугарскиот новинар се обидуваше неколкупати да го оттргне од себе, но тој си го кажа своето, а цела бугарска јавност имала можност во живо да го чуе.

Да се потсетиме на виралниот хит, кога пред 3 недели новинар од бугарска телевизија известуваше за протестите против францускиот предлог во Скопје кои траат речиси цела недела.

Застанат пред Собранието, новинарот известувал за ситуацијата кога еден демонстрант му пришол, а на прашањето зошто Северномакедонците протестираат, му дал одговор кој стана хит на социјалните мрежи.

„Македонци само, не Северномакедонци. Не може да ме попиташ, може да те пошљакам“, му одговори момчето.

останати вести