Украинката Свитолина загуби од белоруска тенисерка, па направи скандал (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Една од најдобрите светски тенисерки во моментов, Елена Свитолина, уште по првото коло го заврши настапот на мастерсот во Мадрид, откако загуби од Белорусинката Александра Саснович (4-6, 5-7).

Украинката по средбата направи голем скандал, со оглед што по последниот поен одби да се поздрави со противничката, туку веднаш замина кон судијата целосно игнорирајќи ја противничката од Белорусија.

Причина за ваквиот потег на Свитолина е нејзиниот став дека на тенисер(к)ите од Русија и Белорусија не треба да им се дозволи да бидат дел од турнирите од АТП и ВТА серијата, поради инвазијата која овие две држави ја прават врз Украина.

https://twitter.com/i/status/1651299222770024475

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com