Украден полициски коњ од оделението на МВР во Хиподром?

by Тони Зографски

Коњ бил украден од оделението за тренирање на полициски животни во Хиподром, неофицијално откриваат за „Радио Лидер“ извори во МВР.

Вредноста на ова животно кое го поседува полицијата е над 50.000 евра, затоа што се работи за професионално трениран коњ кој и помага на полицијата.

Во ова оделение на МВР има огромно обезбедување. Таму се тренираат и полициските кучиња. Ова животно може да се украде само од внатре затоа што се работи за обезбедена локација. Тоа е исто како да украдат коњ од полициска станица, вели изворот кој е многу близок до министерот Оливер Спасовски и е крајно незадоволен од тоа што овој случај се крие како што долго време се криеше случајот со незаконски издадените лични карти.

останати вести