УЖАС: Играчите го убиле оти играл слабо на пријателски натпревар

by Тони Зографски

Трагедија се случи во Северна Уганда, каде после меч починал еден фудбалер, откако неговите соиграчи го претепале до смрт поради очајно одигран меч и да е сето тоа уште побизарно, станува збор за пораз на – пријателски меч.

Черчил Овачи, 22 годишен фудбалер на локалниот фудбалски клуб во областа Ламво бил нападнат од своите соиграчи, откако направил кардинална грешка на пријателски меч по која примиле гол и го загубиле мечот.

Откако завршил мечот, соиграчите го нападнале и почнале да го тепаат брутално, нанесувајќи му телесни повреди по што реагирале други лица зада ги раздвојат. Но, физичката пресметка имала и второ полувреме, откако Овачи се соземал од ќотешкот, па на еден од соиграчите, му возвратил и го турнал од точакот пред заминување секој во својот дом, а сето тоа било искра за нов напад.

Во вториот напад, кој траел неколку минути, соиграчите го претепале буквално до смрт, а несреќниот дефанзивец иако станал после ќотекот, неколку метри од местото каде што го тепале, колабирал и во болница само му констатирале смрт.

Полицијата веќе го истражува случајот и сите осомничени според најавите ќе бидат уапсени и изведени пред суд.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com