УЖАС ВО АВСТРИСКА БОЛНИЦА: Пациент починал откако хирург среде операција си заминал на смена во приватна клиника

by Тони Зографски

На универзитетската клиника „Кеплер“ во Линц, пациент починал поради непрофесионално однесување на лекар, пишува дневниот весник „Оберестерајхис Нахрихтен“, а пренесува курир.рс.
Во текот на операцијата на 77-годишен пациент, кој со хеликоптер бил донесен на клиниката поради напукнување на аорта, докторот кој го предводел и хируршкиот тим, за време на траењето на критичната фаза, ја предал интервенцијата на неговиот колега и ја напуштил болницата. Откако главниот доктор си заминал, дошло до компликации и пациентот починал.
Шефот на одделот за коронарна хирургија, Андреас Цирер, за весникот изјавил дека не е вообичаено хируршката интервенција да се предаде на лекар-асистент за време на операцијата.
Тој најавил дека ќе бидат проверени деталите за околностите на тоа предавање, но тој истакнал дека стапката на морталитет во вакви постапки е многу висока и изнесува од 15. до 20. проценти.
Директорот на болницата, Фердинанд Валденгер, исто така, истакнал дека е нарачана истрага и дека хирургот е суспендиран сè додека не се реши ситуацијата. Во моментот, додава тој, нема индикации за професионална грешка.

останати вести