УЖАС: Бездомник со шипка претепал американска одбојкарка (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Поранешната одбојкарка и модел, Ким Глас која освои сребрен медал на Олимписките игри (ОИ) во Пекинг за малку ќе останела без око по брутален напад на еден бездомник.

Девојката преку социјалните мрежи го опиша нападот во центарот на Лос Анџелес, каде што била на ручек со пријателите.

„Тој како да ме погледна со прилично омразени очи. И, додека се свртев да му кажам на мојот пријател: „Мислам дека нешто не е во ред со него и мислам дека ќе удри во автомобил“, ме удри со голем метален предмет, како цевка. Тоа се случи толку брзо“, кажа Глас на видеото кое го сподели на социјалните мрежи.

Нејзиното око беше речиси целосно отечено и затворено, еден ден по нападот, а лицето и понатаму ѝ беше облеано во крв.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com