Три години затвор за возачот кој ја прегази Викторија кај „Сити мол“

by Тони Зографски

Тригодишна затворска казна доби возачот Јордан Ѓоргиев кој во сообраќајна незгода кај Сити мол ја усмрти 24-годишната радовишанка Викторија Николова.

-Кога би можел да го врати времето тогаш би се сменил со трагично загинатата Викторија Николова, Свесно го давам признанието, рече Горгиев на предходното рочиште.

Олеснителна околност е тоа што возраста на обвинетиот е 23 години, и прв пат доаѓа во судир со законот. Исто така не го завршил своето образование и е студент, не е оженет и нема оформено потесно семејство. Тоа беа дел од причините за ублажување на законскиот минимум кој е 4 години.

Во несреќата на 20-ти јануари оваа година загина Викторија Николова, 24-годишна радовишанка која поминувала на пешачки премин додека на семафорот трепкало жолто светло. Ѓоргиев налетал на неа и на нејзиниот партнер, а Викторија загина на лице место откако беше отфрлена 20-тина метри во средина на булеварот Партизански одреди.

останати вести