Претседателот на САД, Доналд Трамп соопшти дека им забранил пристап до Белата куќа на телевизиските мрежи Си-Eн-Eн (CNN) и Ем-Ес Нау (MSNOW) и на порталот Политико.
Трамп на „Трут соушл“ објави дека веднаш им гп забранува на овие медиуми пристапот до Белата куќа поради нивното континуирано ширење лажни вести.
На медиумите не треба да им се дозволи постојано да објавуваат или да известуваат измислици и лаги кога известуваат за претседателот на САД, администрацијата на Трамп или САД, наведе Трамп.
„Со гордост објавувам дека, со моментален ефект, им забранувам пристап во Белата куќа на Fake News CNN, MSNOW (кои неодамна го сменија името од MSNB поради слаба гледаност и недостаток на кредибилитет!) и на Политико (кои добија незаконски и апсурдни 8 милиони долари за претплата – апсолутен рекорд – директно од Владата на САД под водство на „нечесниот“ Џо Бајден, само за да ги одржат „во живот“; за мене ова изгледа како корупција!), а причината е нивното постојано „известување“ со ЛАЖНИ ВЕСТИ! Медиумите не смеат постојано да пишуваат ЛАГИ кога известуваат за претседателот на САД, за администрацијата на Трамп или за Соединетите Американски Држави. Ова ќе следи и за други медиуми што шират лажни вести. Ви благодарам за вниманието посветено на ова прашање“, напиша претседателот на САД.
