ТРАГЕДИЈА: Ненадејно почина најбараниот хрватски манекен Патрик Цветко

by Тони Зографски

На 28-годишна возраст ненадејно почина Патрик Цветко, најбараниот хрватски манекен.

Како што објави хрватски „Стори“, Цветко доживеал епилептичен напад, а веста за неговата смрт ја потврдила неговата пријателка Елена Диздар на својот инстаграм-профил.

„Почивај во мир пријателе“, напиша таа.

Цветко почнал да се занимава со манекенство на 19 години, а поради русата коса и сините очи, стана еден од ретките хрватски модели со меѓународен успех.

На Инстаграм го следеа речиси 16.000 корисници, со кои редовно споделуваше фотографии од своето секојдневие.

останати вести