ТРАГЕДИЈА: Млада жена се фрли од железнички надвозник во Скопје

by Тони Зографски

Трисет и двегодишна жена се фрлила од железничкиот надвозник на булевар „Трета Македонска Бригада“ во близина на старата амбуланта Пролет во Скопје.

Веднаш потоа била повикана Итна медицинска помош и жената со тешки телесни повреди и со скршеници на нозете била однесена во Ургентниот центар во „Мајка Тереза“каде ќе биде задржана на дополнителни прегледи и опсервација.

Информацијата за обидот за самоубиство ја потврдија и од МВР.

 

 

останати вести