ТРАГЕДИЈА ВО СТРУМИЧКО: Дрвото што го сечел мажот паднало и ја отепало сопругата

by Тони Зографски

Струмичката полиција во денешниот билтен објави дека дрво што го сечел селанец од Мокрево паднало над неговата сопруга и таа починала на самото место.

Трагедијата се случила вчера околу 09.30 часот во атарот на селото, поточно во нива на место викано „Длабока“.

Д.Н. сечел дрва, едно од дрвата паднало и ја повредило неговата сопруга Ж.Н.(59), при што таа починала на лице место.

Лекар констатирал смрт, а увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com