ТРАГЕДИЈА ВО СРБИЈА: Бебе и 8-годишно дете загинаа во тешка сообраќајка

by Тони Зографски

Две деца загинаа во страотна сообраќајна несреќа која се случила ноќеска на патот Нови Карловци – Нов Сланкамен во Србија.

Како што се дознава, загинало девојче старо година дена и дете на возраст од 8 години, а уште тројца се повредени.

Мајката и таткото се здобиле со тешки повреди, а дете на возраст од 5 години е полесно повредено, објави Блиц.

Петчленото семејство се наоѓало во автомобил марка Рено Клио кој најверојатно поради неприлагодена брзина излетал од патот и се превртел.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com