ТРАГЕДИЈА: Бивш српски олимпиец се самоуби на 43 години

by Тони Зографски

Поранешниот српски олимпиец Павле Јовановиќ, кој од 2011 година беше дел од српската олимписка селекција, а претходно беше американски олимпиец во боб (учествуваше на ЛОИ во Торино во 2006 година) завчера извршил самоубиство на 43 години.

Неговиот поранешен колега Стив Меслер ја откри трагедијата, но засега нема информации која е причината за Јовановиќ да си го одземе животот.

„Мојата лична легенда, човекот кој постави стандарди за концентрација, посветеност и труг трагично си пресуди на 43 години. Пав беше најдобриот колега кој може да го имате. Знаеше дека вашиот успех е и негов успех. На тоа ме учеше, ме учеше да водам сметка како моите колеги спијат, дали исправно се хранат, дали терапијата им е добра, каква им е работната етика во теретана, зад затворени врати… Ме учеше како сами да се грижиме. Ме ушеше како е важно да сте психички здрав, ама не само во животот, туку за да бидете успешен во спортот. Што се случува кога личноста која е најпозната по тоа дали е 150 отсто сконцентрирана или ништо, сфати дека баш тоа ништо е тоа на кое е 150 отсто сконцентрирана. Павле беше крал, беше стандард“, објави Меслер.

Јовановиќ со американскиот боб тим освои бронза на СП во 2004 година, а потоа настапи на ЛОИ во Торино, по што подоцна почна да настапува за Србија.

https://www.instagram.com/p/B__bdY2AOXV/?utm_source=ig_web_button_share_sheet

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com