Тони Цетински ја искритикува Нина Бадриќ, но и таа не му остана должна (ФОТО)

by Тони Зографски

Популарната пејачка Нина Бадриќ  спас од топлото време побара во брегот на хрватското приморје, од каде постави фотки на својот Инстаграм профил за кои доби лавина на коментари.

„ Природна убавина“, “Преубава Нина“, “Кукла“, “ На некои времето не и може ништо“ – напишаа нејзините следбеници, а се јави и Тони Цетински кој малку ја “боцна“.

-Според мене за твои години премногу се изложуваш на штетните сончеви зраци“ коментираше Тони, а Нина имаше спремен одговор.

-Фала ти Цетински. Ќе си инсталирам чадор за сонце на главата-, му одговори Нина.

останати вести