Тијана објави слика со внукот: Тетка ќе те разгали (ФОТО)

by Тони Зографски

Тијана Дапчевиќ за прв пат се сретна со Дарен, синот на нејзината сестра Тамара. Пејачката и актерка објави фотографија со внукот.

“Добредојде Дарен, бебе број 2. Тетка ќе те разгали за сите пари”, рече Тијана.

Тамара Тодевска и нејзиниот сопруг, Александар Димитровски-Мачка станаа родители на Дарен на 12 декември. Нивната ќерка Хана во април следната година ќе наполни три години. Тамара е многу поврзана со внукот Вук,синот на Тијана и на Милан Дапчевиќ, кој во февруари ќе полни 10 години.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com