Поп-ѕвездата Тејлор Свифт и НФЛ-ѕвездата Тревис Келси официјално го кажаа судбоносното „да“ на раскошна, но приватна церемонија во Медисон Сквер Гарден, а во јавноста постојано излегуваат нови детали за еден од најследените настани во светот на шоу-бизнисот.

.Свадбената церемонија ја водеше познатиот актер Адам Сендлер, додека братот на Тејлор, Остин Свифт, ја имаше улогата на старосват („man of honor“), а братот на младоженецот, Џејсон Келси, беше кум.
Меѓу гостите беа бројни светски познати личности од музиката, филмот и спортот, меѓу кои Џиџи Хадид, Бредли Купер, Хју Грант, Карли Клос, Камила Кабело, Итан Хок, како и повеќе НФЛ-ѕвезди. Во исто време, внимание привлече отсуството на Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс, кои викендот го поминаа надвор од Њујорк.

Невестата носеше уникатна венчаница изработена од модната куќа „Кристијан Диор“, дизајнирана од Џонатан Андерсон, дополнета со накит од „Картиер“ и чевли од „Кристијан Лубутен“. И младоженецот носеше креација на „Диор“.Еден од најинтересните нови моменти беше одлуката на Тејлор Свифт да нема класични деверуши, и покрај бројните блиски пријателки од светот на шоу-бизнисот. Наместо тоа, таа се одлучи за многу поинтимна и семејна церемонија, а нејзиниот брат доби една од најважните улоги.За свадбата важеа исклучително строги безбедносни мерки.
Гостите потпишаа договори за доверливост, а користењето мобилни телефони беше забрането за да се зачува приватноста на младенците и нивните гости.Иако церемонијата беше затворена за јавноста, свадбата на Свифт и Келси за само неколку часа стана една од најкоментираните теми на социјалните мрежи и во светските медиуми, а се очекува во наредните денови да бидат објавени уште фотографии и детали од настанот.
