“ТЕЧЕШЕ МНОГУ КРВ“: Хорор на плажа во Сплит, змија каснала жена

by Тони Зографски

Романка доживеала вистински хорор на плажата Жњан во Хрватска, пишува „Далмација данас“. Била касната од змија, за која подоцна се утврдило дека не била отровна.

Додека била на плажата, и заѕвонел телефонот на жената, па одлучила да се јави, но претходно се повлекла под сенката на едно дрво во близина.

„Зборував и одеднаш почувствував силна болка. Кога ја погледнав ногата, видов змија како бега во блиската грмушка“ раскажала Романката.

Имало многу крв затоа што змијата ја каснала директно за вената.

останати вести