Тереза Кесовија (87) се по влекува од естрадата по 60 години кариера

by Тони Зографски

Регионалната и хрвтаска поп- дива Тереза ​​Кесовија (87) се пензионира по повеќе од 60 години на естрадата. Таа ќе одржи проштален концерт во недела, 3 мај, на сплитскиот Стари плоштад како дел од прославата на Судамје. Како причина за нејзиното пензионирање ги наведе здравствените проблеми.

„Долго време сум во пензија, повеќе не можам да пеам. Не е лесно бидејќи имав операции на коленото и не престанува да ме болат, а имам проблем и со ‘рбетот. Сето тоа е тешко, но би собрала сила и би пеела. Тоа е најлесната работа за мене и можам да го направам тоа. Гласот ми е во ред, само треба да се осигурам дека ќе седнам, тоа е животот и возраста е тука. На публиката не ѝ е важно дали седам или стојам со бастун, важно е да ме чујат, а јас можам да го направам тоа“, објасни таа за Дубровчки дневник на почетокот на годината.

Градоначалникот на Сплит, Томислав Шута, објави снимка од проба за концертот на социјалните мрежи.

„Концертот на хрватската дива Тереза ​​Кесовија на Стари Плац сега е официјално полн. Среќна сум што на 3 мај, како дел од програмата Судамје, ќе имаме чест да го слушнеме нејзиниот проштален концерт во Сплит“, напиша Шута на Фејсбук. На снимката, Тереза ​​ја пее својата песна „Gdje ima srca, tu sam i ja“ во придружба на гитара. „Кога песната ќе престане и јас ќе одам“, е стих од песната што особено ги трогна обожавателите.Снимката предизвика многу реакции, а многумина признаа дека ги расплакала.„Кога песната ќе престане и јас ќе одам… Трогателно до солзи. Ти благодарам, Тереза, за сите овие години, за сите прекрасни песни што ни ги даде“, „Прекрасна Тереза, како и секогаш. Секогаш е задоволство да ја слушам, бидејќи нејзините песни го допираат срцето и душата. Ти посакувам се најдобро во животот“, коментираа нејзините обожаватели.

 Во времето на поранешната Југославија беше и официјално прогласена за првата дама на естрадната сцена, со огромен број хитови кои станаа евергрини: “Пријатељи стари, гдје сте“, “Ноно добри, мој ноно“, “Моја посљедња и прва љубави“, “Сунчане фонтане“, “Музика и ти“, “Кад порастеш сине“, “Ларина пјесма“, “На Страдуну“,  “Рустикана“, “Луди дани наше младости“, “Старе љубави“, “Пред твојим вратима“, “Авантура“, “Што је остало од љубави“, “Мили мој“, “Састала се стара клапа“, “Молим те остани“, “Ко ми је крив“, “Дах дјетинства“, “Сутра је нови дан“, “У Дубровнику моме“, “Љубав је мој гријех“, “Тајна живота“, “Свирај ми, свирај“, “О, мој цвите“, “Кад се једном вратиш ти“, “Слободна сам“, “И ни ме стра’ “,“На кушину“, “Још се срце уморило није“…На мегапопуларниот “Сплитски фестивал“ десетпати убедливо победи, а победите многу често ги имаше и на фестивалите: “Загреб-фест“, “Белградска пролет“, “Опатија“, “Месам“, “Карневал-фест“…. двапати настапи на Евровизискиот фестивал, представувајќи ги Југославија, а и Кнежеството Монако по желбата на принцезата Грејс Кели. Еднаш беше втора на Евровизискиот натревар за најдобрата песна на Швајцарија.

Во Југославија во период од 1972 до 1980 година беше констатно прогласувана за “Пејачка на годината“ по Изборот на публиката од Охрид до Блед.  Тереза одлично пее и на неколку светски јазици, на: француски, италијански, руски, германски, португалски и англиски.Кај нас во Македонија ќе ја памтиме и по феноменалната интерпретација на старата македонска песна “Ајде, слушај, слушај калеш, бре Анѓо“, која во забавен-поп аранжман ја сними со браќата Тавитијан и ја испеа во живо на Стадионот во Скопје. Исто така останува незаборавна и нејзината интерпретација на “Скопскиот фестивал“ кога ја испеа песната “Охрид и јас“ на композиторот Александар Џамбазов. Со нашата Есма Реџепова беше и блиска пријателка, а не само естрадна колешка.

Во Франција исто така направи голема успешна музичка кариера. Во Париз имаше често незаборавни концерти во славната концертна сала “Олимпија“, а се закити и со Францускиот орден за културно богатство. Со француската верзија на “Ларина песна“ направи и светска кариера, па честопати беше поканувана да пее на Гала-Уницеф-ови концерти. Во приватниот живот зад себа има два неуспешни брака (со пејачот Миро Унгар и ватерполистот Роналд Лопатни).Кесовија е родена во малото село Конавле ( со најубавите жени во ексЈУ) во многу сиромашно семејство, покрај градот Дубровник, на брегот на Јадранско Море за кое често  пее во своите песни. Сега живее во Загреб со потесното семејство, синот Алан и снаата Љиљана. 

останати вести